Вибрантни, екстравагантни и уникатни се новите чавли на Кристијан Лубутан за пролет-лето 2015. Со линијата Water In Love славниот дизајнер на чевли сигурно чекори во 2015 година, најавувајќи сезона на обувки со силен уметнички печат. Водата е претставена преку брановидните шари, а дури има и нерамни потпетици. Застапени се и принтови налик на површината на рибата. Покрај класичните, елегантни модели со заострен преден дел и тенка висока потпетица, во колекцијата има и парчиња со дебела платформа, наменети за топлите летни денови, како и примероци со пониска потпетица. Линијата е разиграна со пепито шари, реси, и комбинација од различни бои. Има интересни интервеции и во формите. Дел од чевлите се во комбинација со соодветни чанти. Промотивните фотографии, со кропирани женски нозе со новите модели на Лубутен в када, ги сними Питер Липман. Фотографиите сугерираат дека чевлите на овој бренд се толку добри и удобри, што дури може да ги носите и в додека се капите.
Нема коментари