Четиригодишната Мејхем од Охајо ја дизајнира новата екслузивна капсулна колекција за деца на американкиот бренд J.Crew. Чудото од дете го привлекло вниманието на тимот на етикетата со својот моден блог, кој го води со помош на своите родители. Таму се претставени нејзните креации , изработени од хартија. А особено беше интересна по одржување на „Оскарите“, кога направи реплики од хартија на сите поинтересни фустани што ги видовме на црвениот килим.
Креативната директорка на J.Crew, Џена Лион им се обратила преку и-мејн на родителите на Мејхем уште во февруари, предложувајќи им да остварат соработка. Интересное што на почетокот мајката на Мејхем, Енџи Кајсер, помислила дека станува збор за некоја невкусна шега или дека добила вирус на својот меил. Но, само за неколку недели, паднал договор, и малата модна генијалка заминала во Њујорк, каде што со своите парчиња хартија, лепак, боички и мониста ја содзала колекцијата за најмладите.
Подоцна од нејзините идеи била реализрана линијата со облека. Кога дошло време Мејхем да си замине дома во Охајо со родителите, таа палачела, сакајќи да остане во ателјето на J.Crew. Линијата за Crewcuts содржи девет парчиња облека и додатоци, кои на пазарот ќе се најдат следната пролет.
Нема коментари