Лондонската модна недела повторно ги заинтересира љубителите на модата да се соберат на едно место, кои со своите стајлинзи им парираат на креациите од модните писти. Постои долгогодишен мит дека оние кои присуствуваат на модна недела се пресоблекуваат по неколку пати на ден, односно на секоја ревија се појавуваат во различен изглед. За повеќето уредници и асистенти ова е далеку од вистината – набиениот распоред на ревии не го дозволува тоа. Но, Оливија Палермо како вистинска инфлуенсерка и ѕвезда на уличната мода, успеа во еден ден да смени четири различни и шик комбинации за време на ревиите и резентаците во Лондон.
Денот го почна со утринска ревија на Preen, каде се појави во црвен фустан со цветна шара и на врзување, во комбинација со црни чизми до гружд.
Потоа беше на презентација на Malone Souliers облечена во асиметрично карирано здолниште, џемпер и металик чевли.
Распоредот ја одведе на ревијата на Ролан Муре, а за овој настан повторно избра здолниште и нежен џемпер, но во поинаква интерпретација, и ги потовтори црните чизмички.
Дојде време и за вечерен настан за кој Оливија избра светкав модел. На ревијата на Emporio Armani таа облече црни тесни фармерки и црна свилена блуза, врз кои имаше впечатлива креација од крупни светкави пулејки.
Нема коментари