Коректорот е неопходен козметички производ без кој скоро да не може да се замисли базата на шминката. Ги покрива дамките на лицето, темните кругови околу очите и хиперпигментацијата и го прави тенот изедначен и посовршен. Првиот совет е да изберете коректор во боја најблиска до вашиот тен, само така производот има ефект. Но, дали сте забележале дека одредени коректори доаѓаат во повеќе бои? Зелен коректор!? Розеникав!? Коректор во виолетова боја!? Покрај основната боја на коректор и применувањето на малку посветол коректор на подочниците, секоја друга боја има своја дополнителна функција. Во зависност од бојата на кожата и кои области или проблематични делови од лицето сакате да ги покриете, изберете коректор во соодветната боја.
Бледо зелениот коректор е идеален за покривање на црвенилото. Одличен е за дерматитис, па дури и се нанесува на благи изгореници од сонце. Овој коректор исто така ефикасно покрива акни.
Виолетов коректор
Во боја на лаванда, овој коректор ја осветлува кожата и го изедначува тенот. Лаванда тоновите ја неутрализираат и тонизираат кожата, а се препорачува за покривање на пеги или темни тамки на лицето.
Жолт коректор
Ако сте во потрага по уште една нијанса на коректор кој ја осветлува кожата, тогаш тоа е бледо жолтиот. Оваа нијанса го ублажува црвенилото, и што е поважно, додава топлина на секој тен.
Бледо розов коректор
Сакате да ги покрие темните кругови? Обиди се со бледо розова боја, нијанса на лосос, која ги неутрализира сините и сивите тонови под очите. Сепак, внимавајте кога го користите овој тон, може да предизвикате портокалов сјај на кожата. Шминкерите предлагаат овој тон на коректор да го нанесувате пред пудрата.
Нема коментари