Пејачката Селин Дион стана нов глобален амбасадор на L’Oréal Paris и се придружи на групата од познати личности кои се заштитни лица на оваа козметичка компанија. Со ова Селин на 51-годишна возраст за прв пат склучува „бјути“ договор и ќе ги промовира производите од линијата Excellence Hair Color на оваа најголема козметичка компанија во светот.
Ова е нова улога на познатата пејачка која во последниве години се пронајде како нова стилска ѕвезда, носејќи ексцентрични стајлинзи и изворедни дизајнерски парчиња.
-Сега сум во добата од мојот живот во кое можам да го користам мојот глас за да ги охрабрам другите да се чувствуваат удобно, самоуверени и да научат да се ценат себе си. Воопшто не го очекував овој ангажман, особено не на 51-годишна возраст. Сериозно размислував дали да прифатам, бидејќи, ако моето име е на нивните етикети, сакам навистина да верувам во тоа. Ние жените се сретнуваме со општеството кое нè форсира премногу. Имајќи предвид дека L’Oreal Paris им нуди на жените многу нешта за да се чувствуваат добро, силно и вредно, чест ми е да бидам глобален амбасадор на брендот кој ги претставува жените ширум светот – изјави Дион.
View this post on Instagram
Resilient, self-confident, unapologetic, generous and humble: Céline Dion is the ultimate symbol of female empowerment and a true woman of worth. Welcome to the L’Oréal Paris family! . . . @celinedion #celinedion #worthit #lorealparis #lorealfamily A post shared by L’Oréal Paris Hair Official (@lorealhair) on
Благодарение на ликот и работата на Дион, за многумина симбол на girlpower, L’Oreal ќе продолжи да ја врши својата работа за женската еманципација на што компанијата обрнува големо внимание во последниве години.
-L’Oréal Paris има долга историја во поддршката на жените на нивното патување да се пронајдат себе си и сопствените правила и желби. Поздравувајќи го доаѓањето на Селин Дион како нов член на семејството L’Oréal Paris, ја зајакнуваме нашата мисија да се обединиме со силните, самоуверени, разновидни и инклузивни женски портпароли. Селин Дион е жена која што целосно ја отелотворува мисијата и слоганот на брендот Because I’m worth it (што слободно може да се преведе како „Бидејќи вредам“) – изјави Пјер Емануел Ангелоглу, глобален претседател на L’Oréal Paris.
Нема коментари