Актерката Кејт Бланшет изгледаше драматично во фустан од Мери Катранзу со цветен дезен во интензивен колорит на црвенот килим во Кан, за време на вчерашната премиера на филмот Cold War. Бланшет е претседателка на жирито на овогодинешниот Кански филмски фестивал, па изминативе денови ја видовме во различни стајлинзи на повеќето настани, премиери, фотогрфариња и прес-конференции. Вчерашниот изглед ни го привлече вниманието со својата впечатливост, фустанот е специјално направен за Кејт, а стајлингот е дополнет со чевли од Aquazarra и накит од Chopard. Дел од фустанот е како боенка, со шаблон и бројки кои кажуваат во каква боја да се „доврши цртежот“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари