Манекенката и сега актерка Кара Делевињ се појави на модната ревија на „Барбери“ во Лондон облечена во црн фустан со длабоко деколте од кое ѕирка тетоважа или поточно необична шара на телото во вид на линија. Црната линија почнува од вратот, продолжува низ средината на градите и завршува кај папокот, со што совршено се нагласува разголеното деколте. Кара која веќе има неколку тетоважи, не откри дали е оваа трајна тетоважа или body art направен за настанот.
Слична линија само во светла боја имаше и Лили Колинс на последното издание на Мет Гала, по можеби ќе се развие нова тенденција на невообичаени и малку готско-футуристички шари на телото…
Нема коментари