Италијанскиот бренд на чанти и модни додатоци Carpisa од утре може да се најде во новата продавница во склоп на „Рамстор мол“ Скопје. Со отворањето на бутикот, модните вљубеници ќе добијат уште едно место за шопинг, а на избор ја имаат пролетната колекција и моделите од капсулната колекција на сестрите Пенелопе и Моника Круз за Carpisa. Шпанската актерка и оскаровка Пенелопе учествува во пролетната кампањаа на брендот, рекламирајќи големи чанти во разни бои и помали модели со пруги и точки, а Carpisa покрај изборот на чанти, нуди и разни видови паричници и модерни куфери.
Нема коментари