Дизајнерката од Полска, Агниешка Биерначка, шест години изработува најразлични модни додатоци од лего коцки: брошеви, приврзоци, обетки, алку, жердани, а последна голема пасија ѝ е сиоздавањето на чанти. Моделите што ги прави се реални и употребливи. Може да се користат како било која друга чанта. Има најразлични форми, од клач, мали чанти за свечени прилики, па сè со плико и поштарски форми. кои може да се носат секој ден. застапени се и различни шари, а има и еднобојни, надополнети со позлатени елементи. Чантите имаат и рачки. Креативката од Краков користи тенок материјал како основа за чантата врз кој ги нанесува лего коцките. Истите се продаваат на нејзниата страница на глобалната мрежа за рачно изработени украси Etsy.com.
Нема коментари