Сестрите Џиџи и Бела Хадид, Емили Ратајковски, Ирина Шајк и Тејлор Хил се само дел од моделите и трендсетерки што изминатиот период во јавност се појавија со чантата Dahlia на брендот Miu Miu. Моделот од колецијата есен-зима 2016 е практичен и лесно прилагодлив за дневни и за вечерни настани. Мала, но функционална чанта, во која може да собере повеќе неопходни предмети. Изработена е од кожа со преклоп и има метални и кристални додатоци во боја. Понудена е во повеќе бои, бела, кафена, окер и црна.
Нема коментари