Веќе го видовме видеото од тепачката на Соланж Ноулс и Зеј Зи во лифтот од њујоршкиот хотел „Стандард“ што се случи на забава по одржувањето на Мет Гала настанот, снимено од сигурносните камери на хотелот, и забележавме дека сестрата на Бијонсе неколку пати замавна по познатиот музичар со мала златна чанта. Токму таа чанта, модел на британската дизајнерка Ања Хајндмарч, сега е предмет на една фотографија со натпис „The Crisp Packet Clutch – модел за кој вреди да се борите“, што токму дизајнерката ја објави на својот профил на „Твитер“ во форма на рекламна кампања. Мудар и духовит маркетиншки трик или премногу бизарен чекор на дизајнерката да профитира од тепачка, како и да е Хајндмарч веројатно не смее да се шегува со ситуација што вклучува насилство.
Нема коментари