Трендсетерката Оливија Палермо во соработка со луксузниот британски бренд Aspinal лансира лимитирана линија чанти со нејзин потпис. Приходите од продажбата на нејзината верзија на веќе култниот модел на торба Marylebone, ќе бидат наменети за хуманитарната организација ADCAM. Има производено само 30 парчиња, кои ќе бидат понудени по цена од 995 фунти. Интересно е тоа што во секој примерок на Marylebone TechTote има вградено полнач за iPhone или iPad. Моделот со темнокафена боја е изработен од крокодилска кожа, има светлорозеникава внатрешност, а украсен е со позлатени детали. Таа деновиве сними и промотивна фотосесија со чантата во Њујорк.
Нема коментари