Актерката Кејт Бланшет многупати досега докажала дека знае да избере соодветен стајлинг за свечени пригоди, а вчеравечер повторно блесна во раскошна тоалета од „Валентино“ и накит од ексклузивниот бренд Chopard. Посебен акцент на вечерната комбинација оставија обетките во облик на ракчиња, необичен модел од колекцијата Animal World, лансирана лани во чест на 150-от роденден на Chopard. Бланшет во овој стајлинг се појави на доделувањето на наградите на јувелирската модна куќа Chopard, настан на кој им ги врачи признанијата за надежни млади актери. Традиционалната награда на Chopard годинава ја добија Логан Лерман Адел Егзаркопулос.
Нема коментари