Популарните проѕирни гумени, чанти од линијата Candy на италијанскиот бренд Furla се вратија во колекцијата за пролет-лето 2015 преку нова серија на бонбонести модели. Furla за оваа сезона предлага чанти во веќе познатата големина, но и во мини верзија, а моделите се украсени со метални и пластични кругови и елипси. Креативната директорка на брендот Џована Фурланоти создаде варијации на Candy чантите во бои и детали кои ќе ги задоволат вкусовите не само на дамите, туку и на нивните млади ќерки.
Нема коментари