Модниот бренд Манго во соработка со Камил Шарие, една од оригиналните француски модни инфлуенсерки која сега е со лондонска адреса, претстави колекција која содржи 60 парчиња кои се соодветни за журки и посвечени пригоди. Заедничката party колекција Camille x Mango е инспирирана од ноќниот живот во 90-тите и раните 2000-ти во Лондон, но го содржи опуштениот стил кој го негува оваа Французинка. Идејата беше да се создаде колекција која е трендовска и класична истовремено – слип фустани, класични бои, кадифе, штрас и тантела, сребрена и златна боја, леопардова шара, бунди и мрежести модели, како и долна облека, чевли и чанти.
View this post on Instagram
Нема коментари