Најновиот филм на кулниот режисер Вуди Ален, Café Society, кој ќе го отвори и претстојното 69. издание на Канскиот филмски фестивал, ќе се најде на програмата и на фестивал на европски филм Cinedays во Скопје. Јубилејното, 15-то издание на Cinedays ќе се одржи, традиционално, во ноември.
Café Society раскажува приказна за еден млад човек кој пристигнува во Холивуд во раните 30-ти години, надевајќи се дека ќе работи во филмската индустрија, се вљубува, и се наоѓа себеси во еден вибрантен свет кој го одбележува духот на раниот 20 век во Америка. Главни актери во филмот се младите холивудски ѕвезди – Кристен Стујарт и Џеси Ајзенберг, а другите улоги ги толкуваат Блејк Лајвли, Паркер Пози и Стив Карел.
Покрај Café Society организаторите најавуваат и жешка програма со сите големи имиња од авторскиот филм, чии дела ќе излезат во текот на оваа 2016 година.
Нема коментари