Францускиот скијачки центар Куршевел претставува едно од главните места каде што зимува светската елита. Познатите и богатите во пауза од скијањет, имаат потреба и од шопинг на дизајнерска облека, затоа со почетокот на скијачката сезона, овде се отвораат и бутиците на најдобрите модни куќи. Во монденскиот Куршевел оваа зима е реотворен бутикот на „Диор“, уреден во модерен стил во доминантна сива палета на бои, со поглед на Алпите благодарение на големите прозори и со понуда на облека и модни додатоци со потпис на оваа париска модна куќа. Во бутикот има минималистички мебел и огледала, а големиот и широк простор овозможува не само шопинг, туку и место за дружење во угодна атмосфера. За посебни гости постои и ВИП салон.
Нема коментари