Старите правливи корици од книги со поезија, поставени на полиците на базарите со ветви предмети,биле инспирација за креативниот директор на „Барбери“, Кристофер Бејли, за новата колекција за 2015 година. Линијата Resort 2015 е своевидно уметничко продолжение на есенската линија на „Барбери“, која влечеше мотиви од сликарството. Овој пат формите се построги и припиени за телото, а повеќе експериментиима со тоновите и со принтовите. Дел од моделите се со војнички форми, а некои со кабаре изглед. Засатпени се препознатливите молив здолните, како и легендарните мантили, кои овој пат покрај во крем ги има во темносина боја. Понудели се рачно направени нацрти на блузи и здолништа налик на кориците на поетските збирки како Rain or Shine, The Orchard или Winds & Showers.
Нема коментари