Кои се првите нешта што ви доаѓаат на ум кога ќе се спомене пролет? Зеленило, цветови, пеперутки, многу бои…птици и пчели? Токму од едноставните симболи на пролетта тргнал главниот дизајнер на Burberry Prorsum, Кристофер Бејли, во создавање на новата колекција, што беше промовирана вчера во рамки на Модната недела во Лондон. Вообичаено, проследена со голем интерес од медиумите, блогерите и лондонските трендсетерки, ревијата на Burberry Prorsum ќе остане запаметена по враќањето на џинс јакните, лелавите и транспарентни креации и удобните обувки. Секако, тука се и неизбежните „барбери мантилите“, кои се со принт – своевидно продолжение на претходната уметничка линија на брендот.
Колекцијата The Birds and The Bees почнува со низа комбинации на навидум неспоивите свечени здолништа и фустани со патики и со џинс јакна. Ова можеби неприфатливо за остатокот од модниот свет, но ваквите миксови одамна се одомаќинети во лондонската улична мода. Темните џинс јакни во повеќе варијанти, боени, со крзно и други елементи одлично се вклопуваат со пастелните здолништа и фустани изработени од нежни транспарентни материјали. Креациите ја нагласуваат женственоста, полетноста и ведрината што се врзуваат со пролетта. Приклучувајќи се на оптиот тренд за ниски удобни чевли, Burberry Prorsum овој пат нуди неколку варијанти на патики за трчање и сандали налик на моделот „тива“ со шарени ременчиња. Во однос на боите доминираатсината, виолетовата, шеќерно розова, жолта и титкизна. Голем дел од тоновите се преливаат, а има и модели со апстракни шари и со принтови.
Трагајќи по длабоко, уметничко значење на нештата и користејќи симболи сфатливи само за одредена група на луѓе, модните креатори често забораваат на дека понекогаш клинетитеи публиката сакаат едноставни нешта, како романтични лесни модели за пролет-лето и удобна и удобна облека за во есен-зима. Иако модните критичари негативно ја оценија буквалната поврзаност на пролетта со птиците и пчелите, очигледно таа одлично помина кај публиката. Останува да видиме колку и дали ќе се носат креациите наредната пролет.
Нема коментари