Привремена продавница на британскиот луксузен бренд Барбери се отвори во селцето Намос на островот Миконос, позната светска дестинација. Во Намос секое лето се отвораат поп-ап продавници на познати модни брендови со цел да се задоволат потребите на туристите додека летуваат, а еве како изгледа онаа на Барбери.
Инспирирана од карактеристичниот стил на реновираната продавница на улицата Regent во Лондон, поп-ап продавницата во Намос е во палета на бои на летни тонови на зелена, беж, светло сина и розова боја. Во внатрешноста на продавницата, мебелот, како и осветлувањето, се изработени од разни материјали, како иверка, огледала и сјајни површини.
Поп-ап продавницата ја нуди колекцијата на Барбери за предесен 2020, која го слави новиот идентитет на куќата под водство на новиот креативен директор Рикардо Тиши. Ја има и TB Summer Monogram колекцијата која го отелотворува слободниот дух и оптимизмот на летото.
Барбери втора година по ред отвора своја привремена продавница на Миконос, овогодинешната ќе функционира до месец октомври.
Нема коментари