Ја најдовме скриената Јапонија во Скопје се вели во насловот на објавата на Зорица Петковска на популарниот светски сајт Bored Panda, која заедно со фотографката Лилика Стрезоска го склопија овој интересен проект со акцент на бруталистичката архиетктура на Скопје.
„Скопје и Токио се толку далеку, лесно може да бидатна различни планети. Сепак, тие се поврзани сето ова време. Што ја поврзува модернистичка архитектура во Скопје со Јапонија е фактот што по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година главниот план на градот е создаден од страна на јапонскиот архитект Кензо Танге и неговиот тим. За жал, тој маестрален план никогаш не беше целосно имплементиран и архитектурата од овој период е запуштена. Она што ја оживува врската со Јапонија е супкултурите кои фанови на јапонската поп-културата“ се вели во написот.
На фотографиите се токму скопски фанови на јапонската култура кои се облечени во стилот на хараџуку уличната мода (и кои на 28 февруари организараа „Јапонарама“ вечер во Скопје), а во фотопроектот позираат пред повеќе бруталистички зданија – универзитетот „Кирил и Методиј“, Метеоролошкиот завод, студенсткиот дом „Гоце Делчев“, главната пошта, Музејот на современа уметност, комплекс банки, Градски ѕид, Железничка станица, средното „Никола Карев“и средношколскиот интернат во Капиштец.
Нема коментари