Една од најубавите жени во Холивуд, Брук Шилдс, ќе ја промовира козметиката на MAC. Компанијата ја најми актерката, која остави голем печат со сосвојот природен изглед во 80-ти години и која сè уште е застапничка на едноставниот свеж и младешки изглед на жените. Таа ќе биде заштитно лице на шминка какви што самата користи приватно, со неутрални нијанси на праска, нежно розова, крем и цреша, какви што и се во тренд во моментов. Производите ќе се најдат во продажба во октомври оваа година со почетна цена од 12 фунти.
-Брук има светски препознатлива убавина, што таа постојано ја освежува и не старее. Таа има повеќе улоги во животот истовремено, мајка, актерка и модел, како и повеќето модерни жени-изјави Џејмс Геџер, заменик претседател и креативен директор на MAC.
Шилдс ја почна кариерата како дете-модел. По потпишувањето на договорот со агенцијата „Форд“, стана една од најангажираните манекенки. Беше заштитно лице на повеќе брендови како Calvin Klein Jeans, а често се појавуваше на насловните страници на светските модни магазини. Иако по успехот на филмот „Сината лагуна“ повеќе беше посветена на својата актерска кариера, сепак сè уште добива ангажмани како модел.
Нема коментари