Викендов во рамките на музичкиот фестивал Governors Ball во Њујорк настапи Бјорк која се појави во уште една драматична и концептуална креација – фустан во облик на пеперутка/молец/стоногалка или нешто што е мимикрија на необичен инсект со зелени, сини и виолетови тонови. Фустанот е на данската дизајнерка Николин Лин Андерсен, а Бјорк го комбинираше со необичен украс за глава од Џејмс Мери. Модните комбинации на Бјорк ретко кого оставаат рамнодушен, а за последниот избор списсанието Forbes пишува дека Бјорк можеби успеала да го надмине ефектот на фамозниот фустан-лебед на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, што таа го носеше на доделувањето на Оскарите во 2001 година. Она што за повеќето изгледа бизарно, кога Бјорк ќе го облече изгледа волшебно и уникатно.
Нема коментари