Легендарната француска актерка, пејачка и борец за правата на животните наполни 81 години. Симбол на ноншалантен француски стил и на магнетски сексапил, на нејзината убавина и стил од 50-тите и 60-тите години постојано им се навраќаме за инспирација. Архетипска секс бомба, Бардо го возбуди светот со својата улога во „И господ ја создаде жената“ и стана првата европска ѕвезда со глобална слава. Нејзиниот живот е полн со случки и скандали, од првиот ангажман како модел за насловната на француски Elle во 1950 година и негодувањето од нејзините родители околу тинејџерската љубов со возрасниот Роже Вадим, преку провокативните сцени од нејзините филмови и браковите, животните ставови и неприфаќањето на сопствениот син, до долгодецениската грижа за животните и контроверзните политички и расистички ставови Но освен улогите во познати филмови, познатата ББ важи за модна икона со специфичен стил. Препознатливите знаци од нејзиниот имиџ и денес се прилечни и предмет на нови модни приказни – темни зачадени очи во комбинација со неутрални усни, коса руса и разбушавена или фатена во пунџа и тапирана во горниот дел, нагласена половина, мини фустани и разголени раменици и неодолив микс на сладок девојчешки изглед со голема доза на сексапил.
Нема коментари