Со изложбата Vogue 100: A Century of Style во Националната галерија на портрети во Лондон ќе бидат одбележани 100 години од лансирањето на британското издание на Vogue. Изложените дела се избор од нарачаните фотографии за потребите на модниот магазин и зборуваат за историјата на Vogue UK. Изложбата содржи фотографија од Кејт Мос направена со Марио Тестино во 2008 година, портрети од Чарли Чаплин и Фред Астер, фотосесии со супермоделите Линда Евангелиста и Клаудија Шифер. Публиката поставка ќе може да ја види во периодот од 11 фебруари до 22 мај, а претставува дел од активностите по повод прославата на јубилејот. За прв пат Vogue UK на едно место претставува избор од 280 фотографии кои ја раскажуваат приказната за еден од највлијателните модни магазини. Претстојната изложба ја потенцира одлучната позиција на Vogue на чело на новата мода, својата посветеност за најдоброто во дизајнот и влијанието врз пошироката културна сцена на Велика Британија за време на некои од најинвентивните и возбудливи периоди во однос на стилот, вкусот, уметноста и општеството.
Нема коментари