Оскаровската Бри Ларсон се појави на њујоршката премиера на фимот The Glass Castle во етерично издание благодарение на креацијата на Моник Лулие – хипеженствен фустан од пудресторозов шифон украсен со ситни кристали. За бајковидниот изглед на актерката придонесе и лелеавиот крој, а едното откриено рамо во романтичната силуета внесува секси ефект.
Фустанот во горниот дел завршува како светкав ѓердан, што заедно со кристалните топчиња на материјо од стајлингот бараше минимално користење на накит. Минимализмот продолжува и во шминката и фризура – no makeup look со природни бои и розов кармин и фатена коса наместо комплицирана фризура.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари