Дел од брендовите на Fashion Group во чест на Денот на вљубените подготвуваат изненадувања во форма на промоции и специјално дизајнирани колекции. Брендот посветен на чанти и модни додатоци Parfois сезоната ја започнува во Valentine колекцијата во која доминираат женствениот накит, раскошен и богат, и големиот избор на чанти во повеќе форми.
Women’secret, пак, нуди сензуална колекција направена под мотото на брендот „Привлечно, удобно и секси”. Црвената и црна боја очекувано доминираат, но сепак застапена е и белата, додека кај материјалите доминантни се чипката и тантелата.
Новата колекција за пролет-лето 2015 на Springfield е наменета за младиот космополит кој го сака лежерното облекување, сака да биде модерен, но не е жртва на модните трендови. Парчињата се едноставни и практични, а колекцијата се темели на неутралните тонови, но и на појаки, разиграни бои кои се среќаваат кај поспортските модели.
Нема коментари