На 14 октомври, историскиот простор на Музеј на град Скопје доби урбана атмосфера во која беа претставени колекциите на Montblanc. Презентацијата, организирана од „Божиновски часовници и накит“, беше ексклузивна можност претставниците на медиумите и гостите одново да се запознаат со луксузниот бренд и да прослават 110 години иновативност и префинетост. Уникатниот простор во кој беа презентирани колекциите беше олицетворение на стилот, самодовербата и софистицираноста на Montblanc и совршен спој на историските елементи и луксузот на модерното живеење, по кои брендот е добро познат. Гостите уживаа во отмената атмосфера со класичните звуци на пијанистката Ема Ананиевска.
Извршниот директор на Montblanc Jérôme Lambert, изјави: „Montblanc слави 110 години од историјата. Ова патување е посветено насоздавање на фино изработени и безвременски содружници и горди сме што „Божиновски часовници и накит“ од Македонија ни се придружници на ова патување.”
Од Божиновски изјавија дека им претставува голема чест што се ексклузивен застапник на Montblanc во Македонија и што имаат можност да го пренесат урбаниот и луксузен дух на овој иконски бренд, кој со својата мисија стави ултимативен печат , со врвната изработка, иновацијата, квалитетот и изразувањето на стилот.
Безвременската „снегулка“ која го симболизира изгледот на снежната капа со која е прекриен највисокиот европски врв Мон Блан, оваа година слави 110 години од своите пионерски почетоци. Цели 110 години, Montblanc e најпрепознатливата икона во универзумот на пишувачките инструменти, која нè учи на уметноста на пишување Montblanc – The Art of Writing и сè до денешен ден држи чекор со модернизацијата и паметните уреди кои едноставно се наметнуваат во секојдневниот живот.
Montblanc ја револуционализира културата на пишување пробивајќе се преку своите иновации, а со својата длабоко вкоренета култура на калиграфија (убаво пишување), Montblanc има поставено меѓународен стандард на културна и естетска посветеност. Инструментите за пишување, на кои им се посветува со целото свое внимание и време во процесот на дизајнирање и изработка, целосно се изработени од племенити смоли и метали. Со тоа се вградува душа во инструментот, која потоа лесно се поврзува со внатрешното Јас на сопственикот и стануваат една неразделна целина.
Денес, Montblanc продолжува да ги поместува границите развивајќи го врвното мајсторство низ секоја од своите категории на производи како што е врвот на луксузните инструменти за пишување, софистицирани и ексклузивни кожни производи, накит, очила за сонце, парфеми, за на крај да навлезе во светот на мерачите на време, изработувајќи часовници со најкомплицирани автоматски механизми.
Компанијата „Божиновски часовници и накит“ постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Тие се горди претставници за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Hamilton, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.
Нема коментари