Неколку дена пред да се породи и да го добие синот Вања, нашата најуспешна манекенка Катарина Ивановска направи фотосесија со тимот на магазинот „Портрет“ и по примерот на светските ѕвезди позираше со трудничко меше. Катарина се појавува на насловната на јунскиот број, а е фотографирана во минималистички бежов фустан од страна на Жарко Чулиќ. „Нашата инспирација за месец јуни, Катарина Ивановска, по втор пат е на насловната страница на „Портрет“, овој пат подготвувајќи се за новото поглавје од нејзиниот живот, улогата на мајка. Прекрасна, енергична и позитивна, Кики се обиде да ни ги пренесе нејзините искуства од бременоста, а како што вели, сите други работи се мали и неспоредливи со состојбата во која е во моментов“, велат од „Портрет“. Јунскиот број е денеска е во продажба.
Фотографија: Жарко Чулиќ
Стилистка: Бојана Максимовска
Шминка: Васе Доковски
Облека: Fashion Group
Нема коментари