Магазинот V ги објави насловната страница и главниот едиторијал на зимското издание во кои се појавува филмската ѕвезда Бред Пит. Иако има над 50 години Пит изгледа секси и младолико (и толку многу на Роберт Редфорд) на фотографиите на Инез и Винод со стајлинг направен во стилот на 70-тите. Во интервјуто за магазинот Бред зборува за заедничкиот филм со сопругата Анџелина Џоли, By the Sea. Во филмот глумат заеедно, а Анџелина се јавува и како режисер. Бред вели дека се изненадил колку му се допаднало тоа што неговата сопруга му наредува додека режира. „Ѝ верува со мојот живот. Таа е одлучна, интуитивна, и можам да речам, секси на своето работно место“, вели Бред и признава дека доколку треба да работи, сака да работи со жена му. Анџелина Џоли се појавува на насловната на ноемврискиот број на Vogue US, на некои од фотографиите од внатрешниот едиторијал сликана е заедно со Бред и децата.
Нема коментари