Американскиот електро-музичар и продуцент Брајан Мајхал утре со почеток во 23 часот ќе настапи во скопскиот клуб „Сектор 909“. Журката е во организација на Electrified Sessions и Post Global Recordings во соработка со клубот „Сектор 909“. Домашна поддршка на настанот ќе дадат диџеите Martchin, Ulterior, Тони Димитров и Lazy Kidz Visualz.
Мајхал живее во пустинските планини на Санта Фе, во сојузната држава Њу Мексико, САД. Свирејќи над 12 години како басист и клавијатурист во пост-рок-психоделичното-техно трио D Numbers, Брајан е искусен изведувач кој е запознаен со широк спектар на музички контексти: од настапи на меѓународни музички фестивали до настапи во подрумите на студентските градови и денс забавите под ведро небо. Од 2011 година почна со своите соло-настапи. Со интригантно монтираните вокални семплови, длабоките битови и мелодичните текстури, живите настапи на Брајан Мејхал претставуваат сонични доживувања кои ја одразуваат несопирливата природа на неговото опкружување. Тој е соосновач на издавачката куќа Mesa Recordings за која го објави својот деби-албум во 2013 година.
Нема коментари