Компаниите сè повеќе се соочуваат со недостиг на квалитетни кадри, оттука идејата да се креира решение што ќе им помогне.
Новата онлајн платформа на Brainster ќе нуди брз, ефикасен и персонализиран пристап кон талентирани кадри кои се подготвени за вработување во компаниите од tech индустријата. Оваа платформа е креирана од потребата за унифицираност и заедничка корист помеѓу компаниите и студентите при вработување и ко-иновирање.
Во делот за вработување компаниите ќе можат да пристапат кон огромна база на талентирани студенти во различни сфери или пак да ги контактираат претставниците од Brainster и да добијат персонализиран избор на студенти во согласност со потребите на компанијата.
Во делот за иновации компаниите или организациите ќе можат да аплицираат со нивната идеја и да добијат тимови на млади студенти кои со поддршка од искусни ментори таа идеја ќе ја преточат во иновативно решение подготвено за користење.
Дополнително, платформата ќе им овозможи на сите компании персонализиран пристап во процесот на вработување на нови кадри кои ќе бидат во согласност со визијата и културата на компанијата.
Визијата на Brainster за иднината е да успее во унапредување на квалитетот на пазарот на таленти во државата во области како дигитален маркетинг, data science, UX/UI дизајн, графички дизајн, програмирање и тестирање на софтвер. Со овој чекор, не само што ќе се придонесе кон решавање на проблемот со невработеноста на помладата популација во државата туку и на компаниите ќе им се овозможи лесен пристап до база на кадри кои се обучени и опремени со најбараните вештини на 21-от век.
-Иновацијата и следењето на најновите трендови во технологијата се нашата мисија и визија за продуктите од иднината. Работиме напорно, инвестирајќи време и ресурси во креирање на квалитетни и ефикасни решенија кои ќе донесат вредност на компаниите и ќе направат промена во секојдневното живеење - вели Ања Макеска од секторот Co-innovation & Hiring во Brainster.
Co-Innovation & Hiring секторот e сржта на начинот на функционирање на Brainster. Во изминативе 5 години голем процент од студенти од сите академиите на Brainster успешно се вработиле во локални но и странски компании, а дополнително, голем дел од нив со доквалификацијата успеале да ги унапредат моменталните работни позиции. Се работи за двонасочен процес каде што еднаква грижа се води за вработување на квалитетни студенти, но и за задоволството на клиентите каде што се вработуваат студентите.
-Brainster во својот тим изобилува со мноштво на креативни умови, секој од нив уникатен на свој начин. Со само неколку прецизни и едноставни насоки, успешно и експедитивно создадоа продукти кои ги задоволија нашите потреби од секој аспект! – Декан, Проф. д-р Ќиро Ивановски, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје.
Нема коментари