Проектот на компанијата „Божиновски часовници и накит“ за создавање на македонска верзија на познатиот Swatch часовник, резултираше со ангажирање на уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула кој го изработи дизајнот на часовник инспириран од ликот на Дениција. Креирани се само 30 парчиња од Дениција часовникот, кои понатаму ќе се продаваат на аукција.
Сега имате уникатна прилика да станете сопственик на првиот македонски дизајниран часовник, часовник кој остаува како парче историја со колекционерска вредност, еден од само 30 вкупно кои ќе бидат сопственост на многу мал круг на пријатели на Божиновски часовници и накит.
-Сакаме заедно со вас да ја поддржиме креативноста во нашата земја и на тој начин да го обоиме времето кое е пред нас со повеќе оптимизам и шаренило, онака како што Swatch тоа го прави децении наназад.
Часовникот „Дениција “ , првиот од колекцијата „Swatch на Кирилица” е достапен во симболична количина од 30 примероци и истите ќе се продават на 16 декември во нашиот бутик на ул. Македонија и тоа на аукциска продажба. Собраните наддадени средства од аукцијата ќе ги искористиме за формирање на фондација која понатаму ќе се грижи за стипендирање и поддршка на младите креативци, а Вие заедно со нас ќе бидете дел од таа поддршка – стои во соопштението.
За да учествувате на аукцијата потребно е да се уплати аконтација во износ од 8.600 денари во некој од нашите продажни салони или онлајн на овој линк.
Учесниците кои нема да успеат да купат часовник на аукцијата, уплатените средства во целост ќе им бидат вратени.
Дополнително идните сопственици на часовникот ќе добијат и подарок ваучер во износ од 5000 денари, кој ќе можат да го искористат за купување на сликата со уметничкото дело од Зоран Кардула прикажано на часовникот.
Нема коментари