Светската супер ѕвезда Justin Bieber како дел од својата европска турнеја на 9 ноември во Загреб ќе одржи незаборавно и динамично шоу во живо.
Како еден од амбасадорите на брендот Calvin Klein младата ѕвезда за нивната соработка изјавува: „Многу сум возбуден за продолжувањето на мојата соработка со драгите пријатели од Calvin Klein за време на турнејата. Calvin Klein е исконски бренд и соработката со нив е остварување на соништата.“
„Божиновски часовници и накит” како ексклузивен застапник за Calvin Klein часовниците и накит ви нуди неповторлива можност да бидете дел од концертот на Justin Bieber. Со учество на наградната игра “Сподели ја својата боја и освој!”, добивате можност да добиете две карти за концертот, или пак да добиете нов часовник Calvin Klein Color.
Се што треба да направите за да учествувате во наградната игра е да купите Calvin Klein Color часовник во некој од продажните салони на „Божиновски” и да ја споделите својата боја на www.shareyourcolor.comпреку креативна и уникатна фотографија од вас и вашиот Calvin Klein Color. Наградната игра започнува на 1 јуни и трае до 31 јули 2016.
Повеќе информации за наградната игра можете да дознаете на www.shareyourcolor.comили на www.bozinovski.com.mk.
Нема коментари