еткава, гламурозна и по малку бајковита е описот на makeup колекцијата на „Шанел“ наменета за празничните денови во кои следат многу забави и свечени моменти. Новата козметична палетаPlumes Précieuses de Chanel е создадена за посебни вечерни пригоди кога вообичаено се носат свечени тоалети и златен или дијамантски накит, па затоа блесокот на златото и дијамантската прашина е првичната инспирација за боите на сенките, руменилата и кармините. За овој Божиќ куќата „Шанел“ предлага главен изглед кој се состои кармин и лак за нокти во интензивно црвена боја, блескаво руменило и темни сенки збогатени со златен сјај. А како алтернатива нуди и светлорозови руменила, сенки и кармини кои за контраст се спаруваат со лак за нокти во темно бордо боја.
Нема коментари