Париската модна куќа „Диор“ избра неколку различни мажи за промотивната кампања на машката колекција за пролет-лето 2017, како Бој Џорџ и A$AP Rocky од музичкиот свет, актерот Рами Малек популарен со култната телевизиска серија Mr. Robot и рускот модел Ернест Климко. Изборот го направи креативниот директор на машкиот оддел на „Диор“, Крис Ван Аш. „Настојував со оваа кампања да го пренесам моето мислење дека Dior Homme не се врти само околу модата, туку има допирни точки и со музиката и филмот. Ова е некое мое сеќавање на 80-тите години, а кои повторно станаа актуелни“, вели дизајнерот за изборот, пред сè, на легендата од 80-тите Бој Џорџ кој на фотографиите од кампањата се појавува прекриен со безброј беџеви.
Нема коментари