Сите трендови не може лесно да се применат за секоја пригода, посебно не за изгледот во канцеларија. Но со неколку стилски трикови може да се прилагодат. Едно од најзастапените парчиња во пролетните колекции на модните брендови, бомбер јакната, ја надмина фазата на тинејџерски и спортски модел. Благодарение на тренсетерите и познатите стилисти најде примена во женствените комбинии, во вечерните, но и во поелеганите, како тие за на работа.
Како да ја примените бомбер јакната во вашиот имиџ за на работа? Има неколку трикови, кои ако умешно ги совладате, ова парче облека нема да биде доживеано како несоодветен модел за серизони настани. Пред сè важни се другите парчиња со кои ги комбинирате. Секогаш поминуваат кошулите и панталоните со машки крој. Елегантно и женствено ќе изгледате со молив здолништата.
Актуелните килот панталони и миди здоништата (еднобојни, со дискретен дезен и со плисе) исто така може да се носат со бомбер јакни и притоа да не изгледате како лик од „Брилијантин“. Трендсетерките , носат и во комбинација со долги тесни здолништа со отвор. Може да ги споите и со здолниште над колена, но внимавајте, тоа да биде отмено, и без многу разголување. Збогатете со класична бела кошула, или со едноставен ѓердан со бисери.
Секогаш безбедната црна основа, без разлика дали станува збор за фустан или комбинација на црна блуза со панталони и здолниште ќе му даде доза на сероиозност на овој модел на јакна. Важни се и модните додатоци, како чевли, шанти и накит, не претерувајте, изборот нека биде поелегантен и женствен. Помалку е секако повеќе кога во целиот аутфит има парче, како бомберот, што според кодексот на облекување не припаѓа на облеката прикладназа во канцеларија. При носењето, подигнете ги ракавите, или нагрнете ја јакната на рамената, така ќе изгледа помалку кежуал.
Нема коментари