Geox ja дочекува пролетта со линија чевли во која се претопуваат удобноста, убавината и функционалноста. Линија која со помош на развиена технологија ги овозможува чевли кои се пријатни и модерни, а во себе имаат вплотено креативност, леснотија и флексибилност. За пролет-лето 2017 Geox нуди модели кои се впечатливи и прилагодливи за секоја прилика – за чекорење низ урбаната џунгла, класични настани, спортски денови и гламурозни вечери.
БОИТЕ НА МОДАТА
Сандали кои ја реинтерпретираат урбаната елеганција преку комбинација на драматични бои – интензивна сина, портокалова, жолта и розова. Направени од превртена кожа, овие чевли следат елегантна и модерна линија со широка, удобна потпетица. Перфорираниот ѓон со мемориска пена е лесен и флексибилен и е совршено надополнување на патентираната технологија на Geox и врвниот дизајн.
РЕТРО СТИЛ
NEBULA
Култниот Nebula дизајн за оваа сезона истражува нови интензивни бои кои ги истакнуваат динамичните и спортски елементи од секојдневието преку технички софистицирани материјали. Nebula е израз на филозофијата на Geox за ултимативно чувство на удобност кое се комбинира со перформансот по највисоки стандарди издржливост, леснотија и флексибилност – вистинско доживување на одење по облаци.
Колекцијата е дополнета со уште многу актрактивни модели на чевли кои ќе ги направат пролетните и летните денови модерни, разнобојни и лесни.
Нема коментари