Институтот Pantone ја прогласи марсала за боја на 2015 година, но објави и листа од 10 клучни бои кои ќе бидат актуелни во модната есен 2015. Есента носи нежни, загасити нијанси на портокалова, сива и кобалтно сина, неутрални земјени тонови кои се освежени со розова и виолетова боја. Институтот кој претставува апсолутен авторитет во сферата на боите, ја објави есенската палета уште во февруари, пред почетокот на Њујоршката модна недела, но таа се однесува на сезоната која почнува наскоро. Леатрис Ајсман од Pantone вели дека боите претставуваат пејсаж на надеж, забава, фантазија и сè што е природно и неутрално. Палетата се базира на земјени тонови, има неколку лица, а дури и се однесува и андрогеноста, со што претставува првата унисекс палета. Кои бои ќе ги носиме есенва? Во Pantone за заведени како Desert Sage, Stormy Weather, Oak Buff, Мarsala, Biscay Bay, Reflecting Pond, Cadmium Orange, Cashmire Rose и Amethyst Orchid.
Нема коментари