Боемската естетика лесно се вметнува во летниот моден стил, ова се однесува и на венчалните фустани во бохо-стил кои се меѓу актуелните трендови. Свадбените комбинации во бохо-стил комбинираат леснотија, релаксираност и романса. Венчаниците во овој стил се направени од природни и лесни ткаенини, се карактеризираат со воздушести и релаксирани кроеви, украсени се со цветни мотиви, нежна тантела и реси, но сезонава имаат прочистен и помодерен изглед во однос на класичните хипи и бохо модели.
Нема коментари