Боемскиот, лежерен моден стил на супермоделот Ерин Васон се пресликал во дизајнор на нејзиниот дом во Венеција. Просторот e уреден во шпански стил.
-Уште кога првпат влегов во овој имот се почувствував како моето минато, сегашност ииднина се споија во еден pростор. Тој имаше толку кул дух-вели моделот.
Ерин го нарекува својот стил „бувљак -импровизација“, со различни, навидум некомпитабилни парчиња купени на пазар или во продавница од втора рака. Нејзината филозофија е дека треба да ги купите нешата што веднаш ќе ги засакате, така тие природно ќе се поврзат едно со друго во куќата.
Во малиот хаос во нејзиниот простор може да се најде од гоблени, преку налепници за браник од 1960 , сè до нацрти од Форнасети-секое парче има приказна и став.
-Каде и да сум живеела, досега, почнував со украсување на ѕидовите, не верувам во тоа дека домот треба да биде прескапоцен и нечепнат. Многумина претеруваат со тоа. Сметам дека уредувањето треба да биде органско искуство, не сакам да се чуствувам дека живеам во некој сет. Најважно нешто во домот се музиката и светлината-вели Ерин кога е голем колекционер на плочи.
Нејзина желба е просторот да биде непосреден и лужето да се почувствуваат удобно уште при првото влегување во куќата. Често ги собира на вечера своите пријатели. Тие дружби најчесто завршуваат со многу вино и свирење на гитара, а интересен податок е дека нејзината гаража е некогашно музичко студио.
Во градната има наседно доста растенија, де од нив се зеленчуци и билки кои ги користат за готвење. Вели дека ужива во готвена домашна храна, а нејзните книги-готвачи ѝ се како библија.
Нема коментари