Женствени и лежерни, во боемски дух, се новите креации од линијата пролет-лето на шведскиот бренд H&M. Моделите се за ноншалантни девојки, што сакаат истовремено да изгледаат модерно, но и опуштено. Понудени се црни мини-здолништа, и долги фустани во истата боја, бели ленени кошули, фустан во стилот на 60-тите со принт, црна проѕирна блуза од тантела, фармерки, кожна јакна и шарено палто. Моделите се украсени со набори, карнери, тантела, милеа, апликации во златна боја, животински и флорални принтови. Користен е сребреникав накит, кој е дискретен.
-Одлично е тоа што оваа сезона со моделите од H&M можете да се забавувате. Стилот варира, од крут до разигран, а секој модел може да го носите на илјадници начини. Жените денеска се изразуваат преку декоративни парчиња, комбинирани со урбани основни модели, со што го создраваат својот стил – изјави Ен-Софи Јохансон, главна дизајнерка на брендот.
Нема коментари