Отворен во мај годинава бутик-хотелот Casa Cook во близина на градот Колимбија на грчкиот остров Родос нуди малку поинакво патувачко искуство – овде ве дочекува модернизирана верзија на препознатливиот грчки стил, релаксирачка атмосфера во боемски и космополитски дух со суптилни племенски референци. Секоја од 90-те соби има поглед на долгиот тиркизен базен, а неколку минути ви се потребни да стигнете на плажа. Срцето на Casa Cook е ресторанот и барот покрај базенот, во кој се подготвуваат свежа храна и енергетски коктели, а хотелот има и своја фитнес-сала и јога-програма. Во описот стои дека е наменет само за возрасни, но без да звучат елистистички, велат дека идејата е овде да почувствувате смирувачка атмосфера, наместо да слушате бучни деца околу вас. Цените за една соба почнуваат од 100 евра.
Нема коментари