Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја лансира новата лимитирана капсуларна колекција Bloom со која го продолжува својот моден израз на употреба авторски дизајнерски решенија и принтови во своите колекции.
Изработена со голема посветеност и внимание и „нула“ отпад во производствениот процес, оваа колекција на женски блузи е со препознатливи рачно изработени детали, карактеристични за дизајнерката, и безвременски дизајн. Блузите се изведени во прилагодлив крој за да одговараат на сите величини, изработени од памук во бела и црна боја. Bloom колекцијата е создадена да ја мотивира женската индивидуалност и креативност.
Блузите можат да се комбинираат со различни парчиња облека за постигнување софистициран изглед за различни прилики во текот на целиот ден.
Колекцијата, освен што е направена според принципите на општествено одговорна изработка има и хуманитарен карактер, 10% од секоја продадена блуза од оваа колекција, е наменета за помош на децата во СОС детско село Македонија.
Нема коментари