Една од пионерките на модното блогерство, Швеѓанката Елин Клинг, заедно со својот вереник Карл Линдман ја лансира Totême, линија на едноставни, но луксузни базични модни парчиња кои во неколку нијанси можеби отстапуваат од нејзиниот едноставен авангарден стил по кој е препознатлива, но новиот бренд сепак ја задржува онаа прочистена линија што Клинг ја негува и поради која стана ѕвезда на уличната мода.
На радост на илјадниците онлајн фанови, 31-годишната Клинг одлучи да претстави сопствена линија од 20 парчиња која следниот месец ќе почне да се продава. Осмислена и создадена со помош на Карл, нејзин вереник и во оваа ситуација бизниз партнер, Клинг колекцијата ја опишува како „европски preppy стил“, што отприлика може да се преведе како „нослив минимализам“. Палетата на бои е концизна, доминира бела, тегет, темно зелена, ретро портокалово-црвена боја. Во колекцијата има доста лесни фустани со џебови, памучни маици, поло блузи со кашмир во составот, модели кои потсетуваат на ресорт-облека, но нешто што повеќе одговара на дестинација како Сент Бартс, а не Ибица.
-Креирањето парчиња по кои копнеам отсекогаш ми било во мислите, требаше само да го најдам вистинскиот тајминг. Сакав да креирам бренд со кој ќе го преиспитам и сопствениот стил – вели Клинг за мотивот за создавање своја модна линија.
Клинг живее во Њујорк, заедно со Карл кој работи како уметнички директор на магазинот Interview. Родена во гратчето Мариестад, Елин после колеџ се сели во главниот град на Шведск и ја почнува модната кариера во неколку весници и магазини. Стекна масовно призание откако својата онлајн колумна, Style by Kling, ја претвори во редовен блог. А нејзиниот блог, микс на модни вести, колажи, улична мода и фотографии од неа во вешто избрани стајлинзи, станува хит во Шведска само два дена по лансирањето. Елин многу брзо стана дел од најдоброто во светското модно блогерство, потоа лансира свое списание Styleby, а оствари соработка со познати брендови, сликаше рекламна кампања за „Луј Витон“ и дизајнираше посвена линија за H&M и капсулна колекција за Guess. Во Њујорк се пресели пред три години и стана еден од основачите на Fashion Networks International, под чие менаџерство функционира Now Manifest, онлајн платформа во која спаѓа блогот на Клинг, но и на некои од најпосетуваните блогови на интернационално ниво– оние на Брајанбој, Ана Дело Русо, Сузи Бабл, Иван Родиќ и на Руми Нили.
Нема коментари