Одамна не е тајна дека фотографиите на модните блогови ниту се спонтано снимени, ниту пак се во оригиналната верзија. Многу од случајно „уловените“ кадри се местени, со „сценарио“, а голем дел од фотографиите подлежат на фотошоп-обработка. Ова можеби ја крши романтичната слика за совршениот естетски свет на блогерите и за нивната совршена линија и убавина, но тоа е вистината, која и сами почнаа да ја откриваат. Деновиве познатата блогерка Дана Сачоу , која стои зад Do The Hot Pants, се исповеда во една од своите најнови објави за тоа какви поправки прави на своите фотографии пред да ги објави. Во дел од нив го корегира лицето, стомакот и колковите, правејќи ги мазни и потесни. Велидека одлучила да ја разоткрие вистината со цел да помогне во отргнување на притисокот врз жените секогаш да изгледаат совршено.
-Во мисија сум да го тргнам велот што нè задушува нам жените, сфатив дека јас и мојот Hotpants не бевме целосно искрени со вас-напиша Дана во својата објава под наслов „Фотографии што посакувам да не ги фотошопирав“.
Таа ги објави фотографиите во нивната првична верзија, со сите маани, и корегираните верзии, за да се види разликата.
Нема коментари