Доколку сакате за многу кратко време да ги израмните површинските линии и брчки, а кожата на лицето биде убава и со природен сјај, Eucerin® Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум е вистинскиот избор.
Иновативен производ којшто од една страна овозможува траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките. Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.
Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем.
Нема коментари