Русокосата актерка Блејк Лајвли на својот профил на „Инстаграм“ ја објави новата кампања за парфемот Premiere на Gucci. Црно-белата фотографија го донесува стариот гламур на Холивуд. Лаjвли носи светкава асиметрична креација, а стајлингот ѝ е како на легендарната филмска дива, Вероника Лејк. Актерката е заштитно лице на „Гучи“ од 2012 година и досега го има промовирано парфемот Premiere во други кампањи. Според некои шпекулации договорот на Лајвли и Gucci тежи 4 милиони долари. Таа на црвениот килим редовно се појавуваа во некои од најубвите креации на познатиот бренд.
Нема коментари