Само неколку дена по објавување на веста дека холивудската актерка и трендсетерка Блејк Лајвли на свет ја донесе својата ќерка Вајолет, модните сајтови јавуваат дека таа ќе основа линија за производи за бебиња. Ѕвездата на серијата „Озборувачка“, која е во брак со актерот Рајан Рејнолдс, ќе ги понди производите за најмалите на својата веб-страница за животен стил Preserve.us. Линијата ќе биде именувана Preserve Baby, а ќе содржи разни потребности за бебињата, од пелени, препарати за капење и облека. Со оглед на тоа што актерката со секое свое појавување за време на бременоста покренувашепо некој тренд, и многу од парчињата oблека и модни додатоци што ги носеше доста се продаваа, се очекува и производите за новороденчињата да имаат солиден прием кај купувачите. На нејзиниот сајт беше остапен голем простор за трудниците и младите мајки, а сега ќе има и оддел за нивните малечки.
Нема коментари