Актерката Блејк Лајвли вчера информира дека за неколку дена го затвора својот лајфстајл сајт Preserve, отворен со голем публицитет во јули 2014 година, а најавува нови модни проекти. Пред неколку месеци Блејк изјави дека избрзала со лансирањето на сајтотот и по наговор на Ана Винтур од Vogue го пуштила шест месеци предвреме, а сега признава дека не успеала успешно да го води и да го унапредува онака како што посакувала. Според актерката заедно со тимот не успеале да предизвикаат доволно влијание врз животите на другите. Preserve беше сконцентриран на облека, модни додатоци и предмети за домот. Се очекува Лајвли да се посвети на нов проект, да се ребрендира и во догледно време да ја открие природата на новиот проект.
Лајвли е една од актерките кои покренаа слични лајсфстајл проекти, како Гвинет Палтроу со Goop и Риз Витерспун со James Draper, но исто како и колекшките наиде на исмејување поради претенциозноста и скапите производи што се продаваат на сајтот. На Preserve пред извесно време објави фотосесија која беше оценета како славење на периодот Антебелум пред граѓанската војна во САД и оправдување на робовласништвото, а минатиот месец беше критукувана за лансирање и продавање на мошне скапата чанта (1.200 долари) за чување пелени и бебешки работи. Која во исто време не само што е скапа за повеќето млади мајки, туку е грда и несоодветна.
Нема коментари